Лина Ѓорческа, најдобрата македонска тенисерка, не ја мина втората квалификациска пречка на Отвореното првенство (ОП) на САД во Њујорк. Таа загуби од Хрватката Јана Фет (22), моментално 128-та на ВТА ранг-листата, во три сета со 3-6, 6-2, 6-3. Во првото коло Ѓорческа ја елиминира Американката Лорин Дејвис, со 6-7, 7-5 и 6-3.
За Ѓорческа ова беше трет настап во низа во квалификациите во Њујорк и прв позначаен турнир по долгата, повеќемесечна пауза поради повредата на зглобот на левата рака. На претходните два настапа во Њујорк, таа не го мина 1-то коло, во 2016-та загуби од Американката Катрин Белис, 0-6, 2-6, а лани од Австралијката Дестени Аиава, во три сета со 6-4, 4-6, 3-6.