Претседателот Стево Пендаровски изјави дека ќе прими вакцина кога ќе му дојде редот, истакнувајќи дека пред неколку недели се пријавил за вакцинација преку интернет-страницата „Вакцинација.мк“. Тој го откри ова, одговарајќи на новинарско прашање по презентација на пригодната поштенска марка по повод 100 години од раѓањето на великанот Блаже Конески.
– Кога ќе дојде време ќе се вакцинирам, се разбира со онаа вакцина која ќе биде достапна во тој момент – порача Пендаровски, додавајќи дека сите вакцини кои се увезени и се користат во Македонија се стопроцентно сигурни.
Претседателот напомена дека најверојаатно утре ќе посети некој од пунктовите каде што се спроведува имунизацијата.