Национална гордост и успех е што Северна Македонија е една од 30-те членки на НАТО семејството, напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук, по повод 72 години од основањето на Алијансата.
На 4 април 1949 година во Вашингтон, 12 членки го потпишале Северноатлантскиот договор.
– НАТО денеска одбележува 72 години. Членството во најмоќниот сојуз на светот – НАТО е израз на нашата натпартиска, широка, мнозинска, национална, мултиетничка и државничка одлука за тоа дека патот напред е патот на демократијата, сигурноста и безбедноста, патот кон развој и добробит за сите наши граѓани. За уште долги години заеднички успеси! Ние сме НАТО – напиша Заев на својот фејсбук-профил.