ФУДБАЛ – ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ
Порто и Челси двапати ќе играат во Севилја
Двата четвртфинални натпревари во фудбалската Лига на шампионите сезонава помеѓу Порто (Португалија) и Челси (Англија) ќе се играат на стадионот „Рамон Санчез-Писхуан“ во Севилја (Шпанија), одлучи Европската фудбалска унија (УЕФА). Датумите за одигрување на натпреварите (7 и 13 април) и времето на почетокот на мечевите (од 21 часот) остануваат исти. Измената следува поради ограничувањата за патување предизвикани од пандемијата на ковид-19. Л.Д.
КОШАРКА – ФИБА
Пешиќ, Здовц, Волков, Неш… во Куќата на славните
Светислав Пешиќ (Србија), едно од најголемите европски тренерски имиња, ќе биде примен во Куќата на славните на Светската кошаркарска федерација (ФИБА). Од тренерите, признание ќе добијат и Аргентинецот Рубен Мањано и Американката Тара Вандервер. Во категоријата кошаркари во „класата 2021“ се Јуре Здовц, Стив Неш, Александар Волков, Модестас Палуаускас, Миезслав Лопатка, Кеничи Сако, Изабела Фијалковски, Агнеш Немет и Парк Шин Ја. Г.И.