Teјлор Свифт и Били Ајлиш ги освоија главните награди „Греми“, но Бијонсе беше големата победничка во ноќта што ја обележаа победите за женските изведувачи на доделувањето на музичките награди.
Четирите награди на Бијонсе (две од нив ги подели со победничката за најдобар нов изведувач Меган ди Сталион) – ѝ го зголемија вкупниот број победи во кариерата на 28, надминувајќи го претходниот рекорд на „Греми“ за женски изведувач поставен од пејачката Алисон Краус.
Албумот на Свифт, „Фолклор“, снимен за време на самоизолација среде пандемија, беше прогласен за албум на годината и ја направи 31-годишната музичарка прва жена која ја освои оваа награда три пати.
На социјално дистанцирана церемонија која вклучуваше настапи во живо и претходно снимени настапи, авторите на „I Can’t Breathe“ на аренби уметникот Х.Е.Р победија во категоријата песна на годината.
Напишана е како одговор на движењето „Црните животи се важни“ кои минато лето избувнаа во САД по убиството на Џорџ Флојд од страна на полицаец.
Афроамериканската култура беше прославена и во синглот „Black Parade“ на Бијонсе, која е прогласена за најдобра аренби изведба.
Баладата на Ајлиш „Everything I wanted“ освои рекорд на годината, а 19-годишната девојка победи и за нејзината тематска песна за претстојниот филм за Џејмс Бонд „Не е време за умирање“.
Британската пејачка Дуа Липа освои „Греми“ за најдобар поп-вокален албум за „Future Nostalgia“ и говореше за вредноста на музиката во тешки времиња.