Фото: Маја Јаневска-Илиева

Поради мерките во врска со пандемијата на коронавирусот во Франција, одложен е утрешниот дуел од 7-то коло, во кој на Металург требаше да му гостува францускиот тим Тулуз. Следените два меча со полскиот вицепрвак Висла, Металург ќе ги игра на гостински терен, на 14 и на 16 февруари

РАКОМЕТ – ЛИГА НА ЕВРОПА

Десеткуваниот тим на Металург загуби на гостувањето кај рускиот првак Чеховски медведи (40-27) во заостанатиот меч од 5-то коло во новоформираното натпреварување Лига на Европа во ракомет. Поради мерките во врска со пандемијата на коронавирусот во Франција, утрешниот дуел од редовното 7. коло, во кој на Металург требаше да му гостува францускиот тим Тулуз, е одложен. Следените два меча со полскиот вицепрвак Висла, Металург ќе ги игра на гостински терен, на 14 и на 16 февруари.
Металурзите добро го почнаа натпреварот со Чеховски медведи, парираа во играта на поставен напад, но немаа решение за брзиот и ефикасен контранапад на Русите, кои секоја грешка на противникот ја градеа во сигурна и недостижна предност.
Најефикасни кај Металург со по шест гола беа десното крило Златко Хорват, левото крило Милан Поповиќ и левиот бек Момир Рниќ, а на голот во второто полувреме голманот Даниел Ѓорески забележа девет интервенции. Во рускиот состав по осум гола реализираа десниот бек Александар Котов и пикерот Александар Ермаков, а одлични партии имаа и голманите Артем Грушко и Димитри Павленко, кои заедно нанижаа 21 одбрана.


ГРУПА А

Чеховски м. – Металург 40-27
Металург – Тулуз одложена
Фиверс – Висла утре
Адемар – Чеховски м. утре

ТАБЕЛА

Висла 4 4 0 0 8
Адемар 5 2 3 0 7
Чеховски 3 2 0 1 4
Тулуз 6 1 2 3 4
Фиверс 6 1 2 3 4
Металург 4 0 1 3 1