Во Германија се поголем број фирми нудат можност за флексибилно работно време.
Според податоците на Министерството за економија на Германија, четири од пет фирми нудат модели за флексибилно работно време.
Аналитичарите сметаат дека на тој начин на вработените им се нуди, во согласност со барањата на фирмата, да ги усогласат и своите семејни обврски и работното време. Компаниите добиваат задоволни работници, кои повеќе се ангажираат на работа, што влијае на профитот на претпријатието.
Некогашната идеја за „три осмици“, осум часа работа, осум часа одмор и осум часа спиење во современата економија е напуштена, а државите кои не го прифаќаат западниот концепт на работа, според експертите, тешко се прилагодуваат на идејата „парт тајм“.