Според најавите, тутунарите започнаа со блокади на патиштата, во знак на револт од неповолната состојба со откупот на тутунот. Патот од Прилеп кон Скопје, кај Заполшки мост е блокиран од 10 часот.
Побарана е реална откупна цена, реална проценка и повлекување на поверениците, со што ќе бидат блокирани откупните пунктови.
Протестот ќе трае до 12 часот, а тој уследи по неуспешната синоќешна средба со министерот за земјоделство Арјанит Хоџа во Прилеп.
Досега се откупени само три проценти од 23 илјади тони тутун, по ниска цена.
Тутунарите велат дека нема да отстапат од нивните барања. Ка.М.