Ви претставуваме литературни творби за свети Климент Охридски на ученици, членови на литературната секција, од централното и од подрачното училиште „Рајко Жинзифов“, во населбите Драчево и Пинтија во Скопје. Нивна менторка е наставничката по македонски јазик Елена Ристеска
Литературно катче
Свети Климент Охридски
Господ во светот
Климент го прати
за писменоста во умот
на луѓето да се врати.
Најистакнат ученик бил
на браќата свети,
се борел секогаш
против еретици клети.
Тој бил еден од првите
просветители, научници и светци,
со него се гордеат
неговите предци.
На мисионерски мисии одел,
луѓето во христијанството
насекаде од светот
ги водел.
На некои им ја држел раката,
а на некои им ги покажувал буквите.
Никого не дискриминирал,
оваа добрина во душата ја имал.
Заедно со другите ученици,
на кирилицата
свои идеи ѝ доставил,
во чест на неговиот учител ја смислил и составил.
Тој бил основач на
Охридската книжевна школа,
знаењето со луѓето да го сподели
а секој од нив тоа знаење да го подели.
Сето ова заврши на еден посебен ден,
се упокои Климент,
но неговите добри дела
засекогаш ќе останат наша цел.
Поради добрина и труд
Бог со ореол на светител го дари,
неговата светлина насекаде цари.
Од моштите негови благоухание
се шири,
секој со душевен немир да го смири.
На секој болен исцеление му дава,
му пееме сите Вечна ти слава.
Прв универзитет
во светот поставил,
словенското слово
неуморно го составил.
Достојни за почит
се неговите дела
го прославува
Земјината топка цела.
Софија Богановска 8-г одделение
Народот се гордее на неговото дело
Се родил во Охрид пред многу години,
Климент наш имал идеи стотини.
Тој сакал да биде значаен за нешто
и со него народот да се гордее вечно.
Со неговата добра душа,
на луѓето знаење им дарувал,
и за нив станал мил,
зашто неговата азбука
кирилица ја крстил.
Целиот народ
со векови ќе се гордее
на неговото смело и чесно дело,
срцето на секој
сега е цело.
Стефан Неделковски 8-г одделение