Психолозите во основните училишта кои освен што се важни за обезбедување на квалитетен воспитно-образовен процес, се и стожер во сочувувањето на менталното здравје на учениците, соопшти Министерството за образование. За таа цел денес беше организиран вебинар на тема „Совети и добри практики од работата на психолозите во основните училишта“ на кој се зборуваше за промоција и превенција на менталното здравје во училиштата во услови на пандемија.
– Многу е важно преку меѓусебна соработка да се зајакне работата на стручната служба во училиштата која што е стожер во процесот на планирање, организација и спороведување на воспитно-образовниот процес. Само со квалитетни стручни служби можеме да обезбедиме квалитетно образование и затоа континуирано ќе работиме на нивно јакнење. Психолозите и останатите стручни соработници ни се важни во образовниот процес и сочувувањето на менталното здравје на учениците, не само во време на пандемија, туку воопшто низ целиот едукативен процес – рече министерката Мила Царовска.
На вебинарот се зборуваше за начинот на организација и работа на училишните стручни служби во вонредни услови, кога дел од воспитно образовниот процес се одвива онлајн, а дел со физичко присуство на учениците во училиштата, говореа искусни педагози, психолози, и специјални едукатори.
Онлајн обуката е организирана од Бирото за развој на образованието, Министерството за образование и наука и УНИЦЕФ.