Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко се сретна со поранешниот претседателски кандидат, Виктор Бабарико и други уапсени претставници на опозицијата.
Тие се собраа за да разговараат за уставните реформи.
„Устав не може да се пишува на улица“ рекол Лукашенко.
Тој изјавил дека во истражниот затвор разговарал четири ипол часа со претставниците на опозицијата, пренесе ТАСС.
Новинската агенција Белта пренесе дека целта на белорускиот претседател била да ги сослуша сите мислења, како и дека учесниците заеднички одлучиле дека деталите од разговорот ќе ги држат во тајност.