Која од овие вести треба да биде ударна на телевизија во Индија? Дека секој ден има над 100.000 нови заразени со ковид-19? Тоа дека Кина испраќа војска на границата со Индија? Ниту една од овие вести не е доволно важна за вниманието на телевизијата. Наместо тоа, главните телевизиски станици во Индија во изминатите неколку недели се фокусираа на приватниот живот на група актери на Боливуд, пренесува „Економист“.
Сѐ започна на 14 јуни, кога телото на 34-годишниот актер Сушант Синг Рајпут беше пронајдено во неговиот стан во Мумбај. Самоубиството предизвика медиумски хаос. Пробивањето на Рајпут од најсиромашната област на државата Бихар до телевизиска слава беше еден вид боливудски филм само по себе. Неговиот очигледен пад во депресија исто така покрена голем број прашања за кои филмската индустрија во Индија без срам разговараше, а социјалните медиуми обожаваат да ги подгревааат ваквите гласини.
Сепак, кога амбициозната актерка и девојка на Рајпут, Реа Чакраборти, започна со обвинувањата дека Рајпут бил наведен на дрога, честопати измамуван од неговите соработници за заработките од филмовите, а можеби дури бил и принуден да се самоубие, приказната добила поморбидна нијанса. Набрзо, медиумите ја претворија Чакраборти во негативецот на приказната, а политичарите, исто така, брзо ја зграбчија ваквата можност.
Државните избори во Бихар, кои ќе се одржат пред декември, претставуваат најголем политички тест за премиерот Нарендра Моди и неговата партија од почетокот на оваа турбулентна година за Индија. Државата е трета по население во Индија, и е позната по комплексноста на нејзината политика. Се чини дека стратезите на партијата го гледаа самоубиството на актерот како шанса да се претстават како поддржувачи на традиционалната доблест на Бихар, за разлика од злобата на модерната Мумбај.
Постојат и политички влогови. Промовирајќи ја актерката Кангана Ранаут, која зборуваше за кориистењето на наркотици меѓу славните личности, како пример на доблест, партијата на Моди и нејзините медиумски приврзаници кренаа голема врева за наводната неспособност на градската полиција во борбата против наркотиците.
Потоа, во аферата се замешал и Врховниот суд, кој му наредил на Централното биро за истраги, да го преземе случајот на Рајпут. Уште две федерални тела, Извршната дирекцијата, која се бори против финансиски криминал, и Бирото за контрола на наркотици (НЦБ), започнаа свои истраги. Бирото за контрола на наркотици најбрзо смислија случај, апсејќи околу 18 лица, меѓу кои вклучително и Чакраборти. На неа и нејзиниот брат, кој е исто така уапсен, им е негирана кауцијата.
Сепак, за многумина, ваквата кампања претставува „правдата на толпата“. Исто како што во Бихар им беше наредено да премолчат за самоубиството на Рајпут, многу луѓе во Западен Бангал, родната држава на Чакраборти, се згрозени од нејзиниот прогон и постапувањето на властите.
Партијата на Моди е решена на следните избори да ја земе власта од контролата на опозицијата. Нејзината стратегија е преку аферата на Рајпут да го одвлече вниманието на јавноста од реалните и бројни проблеми со кои се соочува Индија. Но, Моди можеби ќе се покае за неговото замешување и влијанието врз бенгалските гласачи. Драмата, како што имаат обичај да кажат обожавателите на Боливуд, сè уште не е целосно завршена.