Иранскиот врховен верски лидер Али Хамнеи изјави денеска дека целта на економскиот притисок врз Иран од страна на САД е да се свртат Иранците против својата Влада.
– Тие вршат економски притисок за да го раздвојат народот од системот- истакна Хамнеи.
Тој нагласи дека шест американски претседатели пред Доналд Трамп се обиделе да го направат тоа, но не успеале и се откажале.
Според западните медиуми, најверојатно повторно ќе бидат воведени американски санкции против Иран.