Иранските власти одлучија да ги затворат училиштата и универзитетите до 30 март, во обид да го спречат ширењето на коронавирусот, изјави денеска иранскиот министер за здравство.
Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави вчера дека новиот коронавирус се проширил речиси во сите ирански провинции, но земјата ќе се справи со тоа со минимален број на мртви.
„Ројтерс“ пренесува дека на официјалната веб-страница на иранското претседателство е објавено дека Рохани на седница на владата изјавил дека оваа болест е широко распространета и ги зафаќа речиси сите провинции во Иран.