Претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Петро Порошенко, денеска оствариле телефонски разговор, при што зборувале за „размена на затвореници“ меѓу двете земји, соопшти Кремљ.
– Путин ја истакна неопходноста без одложување да бидат ослободени руските новинари приведени во Украина – се наведува во соопштението на Кремљ.
Кабинетот на Порошенко соопшти дека украинскиот претседател разговарал со Путин за ослободување на украинските „политички затвореници“, приведени во Украина, меѓу кои е и режисерот Олег Сенцов.
– Порошенко нагласи колку е важно брзото ослободување на украинските „политички затвореници“, кои се приведени во Русија и на „окупираните територии“ (термин кој Киев го користи кога зборува за анексираниот Крим и источниот дел на Украина, кои се под контрола на сепаратистите) – наведе кабинетот на украинскиот претседател.