Граѓаните на Скопје од утре ќе можат да ги користат одбојкарското и ракометното игралиште на песок на Градска плажа „Парк“.
– Заинтересираните граѓани, ученици, студенти, рекреативци, спортски клубови и здруженија на граѓани можат бесплатно да спортуваат и да рекреираат на овие игралишта на песок.
Спортските терени Градска плажа „Парк“, ќе бидат отворени за спорт и рекреација, секој ден во термините од 10 до 24 часот. Закажувањето може да се врши секој ден на самите игралишта во горенаведениот период и на телефонскиот број за контакт 072/ 258- 441, во периодот од 10 до 23:30 часот – информираат од Град Скопје.
Оттаму посочуваат дека терминот за бесплатно користење е со времетраење од еден час.