Алијансата за Албанците писмено ќе се обрати до БЕСА и Алтернатива за идно коалицирање на предвремените избори. Од нив ќе чекаат одговор во рок од 48 часа. Одлуката е донесена е на вечерашното централно претседателство на партијата.
– Ние писмено ќе се обратиме до тие политички актери за кои сме кажале дека сме спремни да коалицираме. Ќе чекаме нивен одговор во рок од 48 часа за да излеземе пред јавноста да ја информираме сите до каде сме – изјави Зијадин Села.