Српски државјанин е ставен во карантин во Гоа, Индија, под сомнение дека е заразен со коронавирус. Неименуваниот Србин, кој се споменува само како средовечен човек, дошол во Индија од Кина.
Тој пристигнал во Индија минатата недела, а според индиските медиуми, во Кина престојувал во град што е оддалечен 750 километри од Вухан, кој е епицентарот на епидемијата на опасниот вирус.
– Тој има симптоми на коронавирус, како што е суво и болно грло. Тој беше во кинески град оддалечен 750 километри од Вухан, а ние ја следиме неговата состојба. Земени се сите потребни примероци за анализа – соопштија индиските власти.