Русија е заинтересирана за обединета Европа и не се обидува да ја подели, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
– Не ни е цел да предизвикаме поделби во ЕУ. Напротив, ние сме заинтересирани за обединета и напредна ЕУ, бидејќи ЕУ е нашиот најважен економски и трговски партнер – рече Путин во интервју за австриската станица ОРФ, во пресрет на утрешната посета на Австрија.