Иранскиот претседател Хасан Рохани потпиша закон со кој американското министерство за одбрана го прогласува за терористичка организација, одговарајќи на тој начин на одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп, Револуционерната гарда да ја стави на листата на терористички организации.
Иранскиот парламент усвои нова верзија назаконот непосредно пред почетокот на ракетниот напад на ирачките бази Ајн ел Асад и Ибрил.
Министерството за одбрана на САД е ставено на листа на терористички организации непосредно по убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани.
Првата верзија на овој закон е усвоена уште во април, откако неколку дена претходно Трамп ја стави Револуционерната гарда на листата на терористички организации.