Владите на Македонија и на Косово наскоро треба да одржат заедничка седница, на која се очекува да бидат потпишани 15 нови меѓудржавни договори, пренесе МИА.

Косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај за „Епока е Ре“ изјави дека со договорите се предвидува соработка во областа на правото, безбедноста, здравството и економијата.

Аналитичарите Блерим Река и Имер Мушколај во изјава за весникот ја поздравиле иницијативата за заедничка меѓувладина седница, но нагласиле дека е потребно спроведување на веќе потпишаните договори.

Според нив, потребни се конкретни чекори за олеснување на животот на граѓаните од двете страни на границата.