Петтата седница на Советот на општина Гостивар беше прекината денеска, откако членовите на ДУИ и останатите партии кои го сочинуваат мнозинството ја напуштија салата. Како причина го наведоа вербалниот напад врз членот на советот Адис Исмаили од редовите на ДУИ. Со одлуката да ја напуштат седницата, се солидаризираа и советниците од СДСМ, Народната демократска преродба (НДП) и Демократскиот сили на Ромите (ДСР).
По усвојувањето на дневниот ред со две дополнителни точки, координаторот на советничката група Шп’тим Џелили во обраќањето пред останатите советници информираше дека минатиот петок, нивни колега бил вербално нападнат од страна на лице кое е познато како претседателот на огранокот на Алијансата за Албанците од селото Лакавица.
– Ние нема да се вратиме во работата на Советот сé додека градоначалникот Таравари не се извини за ваквото однесување на неговите сопартијци, рече Џелили.