Два авиона се судрија викендов на меѓународниот аеродром Сан Антонио во Тексас, јавија американските медиуми.
Екипите за итни случаи реагирале откако еден авион удрил во друг што бил паркиран.
Во инцидентот не се пријавени повредени, но дошло до минимално истекување на гориво кај еден од авионите.
Пријавени биле и одложувања на на неколку летови, јавија локалните медиуми.