Во просториите на домот на културата „Кочо Рацин“, денеска, од 18.30 часот, ќе биде промовиран алманахот „Мали приказни од Скопје“ во издание на „Просветно дело“. Станува збор за проект од книжевна работилница на која учествуваа околу дваесетина скопски средношколци, кои добија можност да научат да пишуваат реалистичен, модерен и постмодерен расказ.
Промоторки на алманахот ќе бидат Ирена Јурчева, Марина Мијаковска и Елена Пренџова.