Најскапиот стан купен минатата недела во Србија се наоѓа во комплексот Белград на вода и за него се платени 697.000 евра, додека за најскапата куќа во белградската населба Савски Венец се платени 1,3 милион евра. За квадратен метар од овој стан од 98 квадратни метри новиот сопственик платил по 7.111 евра, а највисоката постигната цена за стан што не е новоградба изнесува 515 илјади евра за 173 квадрати, кој се наоѓа во општината Стари Град во Белград.
Според податоците на Републичкиот геодетски завод, сите пет најскапи стана што се продале лани се во делот на Белград на вода. Втората највисока цена за стан со површина од 98 квадрати е 695 илјади евра. На трето место е станот со вредност од 693.000 евра, а потоа се становите што се продадени за 691.000 односно 644.000 евра.
– Во Србија на пазарот за недвижности најмногу се тргува со станови, а во текот на 2017 година се продадени и купени над 33.600 стана. Потоа следува продажбата на земјоделско земјиште со 24.900 парцели, а биле продадени и 15.000 куќи. Лани бил остварен поголем промет во споредба со 2016 година за 11 отсто. Најмногу се тргува во Војводина и Белград, додека најмалку се продава недвижен имот во регионот на јужна и источна Србија – информираат од РГЗ.
Најатрактивни локации со главниот град на Србија се делот околу Белград на вода, Централ Гарден и Зелена Капија, додека најскапи станови од старата градба се наоѓаат на Стар Град, Врачар, Савски Венец и Нови Београд.