Одбојкарите на Струмица се новите-стари шампиони на Македонија. Во финалната серија до три победи, Струмица беше подобра од скопски Вардар со 3-1 (0-3, 3-2, 3-1, 3-2). Струмица годинава го одбрани и трофејот во Купот на Македонија победувајќи ја во финалето Весна Пробиштип сo 3-2.
За Струмица ова беше шеста титула првак на Македонија (1994, 2012, 2014, 2015, 2017 и 2018) и петти триумф во домашниот куп (2012, 2014, 2015, 2017 и 2018).
Еден од најзаслужните за успесите на Струмица, секако, е тренерот Кире Ричлиев, кој има удел во освојување на сите 11 трофеи, првиот како активен играч, а во следните 10 како тренер.
– За овие успеси се најзаслужни младите одбојкари со кои работам. Тука сум да им помогнам да го развијат својот потенцијал. Екипата ни се состои од многу млади одбојкари, просекот е 19,2 години, неколкумина од нив се матуранти, со што освојувањето на титулата и на двојната круна, во можеби не толку силна конкуренција каква што постои во Македонија, ја прави уште повредна. Ние како клуб и натаму продолжуваме да работиме со младите и талентирани одбојкари и да им даваме шанса да напредуваат и да освојуваат трофеи – вели тренерот Ричлиев.