Официјален претставник на талибанците денес изјави дека е постигнат пристоен напредок во разговорите со група високи авганистански политичари во Москва, но дека не е дојдено до решение, за кое ќе бидат потребни понатамошни разговори, објавија руските новински агенции.
Делегацијата, предводена од главниот преговарач на Талибанците, Мула Барадар Акхунд, се состана со политичари, високи регионални лидери и кандидатите што го предизвикаа претседателот Ашраф Гани на претседателските избори оваа година, во време кога се засилуваат дипломатските напори за ставање крај на 18-годишната војна.