Полицијата синоќа спроведе голема полициска акција на повеќе локации низ Скопје, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кратко во своето гостување вчера во ТВ21 во емисијата „КликПкус“.

– Благовремено ќе ја информираме јавноста за се и ако има или имало што било, ќе знаете, но не очекувајте акциите да ги правиме преку ТВ-екраните и камерите – изјави Спасовски.

МВР потврди дека имало полициска акција за сузбивање на трговија со дрога, на територијата на Скопје. Според првичните информации, претресени се повеќе локции и домови во Гази Баба, Арачиново и Сингелиќ, а има и приведени лица.

МВР денеска треба да одржи прес-конференција на која ќе изнесе повеќе детали за спроведената акција.