Претседателот на Сејшели, Дени Фор, упати апел за поголема заштита на океаните од климатските промени, во говорот кој го одржа под море, што се смета за прв говор во живо под вода.
Тој говореше за време на посетата на научната експедиција, предводена од страна на Велика Британија, која се занимава со истражување на длабочините на Индискиот Океан.
Инаку океаните покриваат две третини од светската површина, но досега не се доволно истражени.
-Имаме подобри мапи од Марс отколку од дното на океаните. Овој проблем е поголем од сите нас и не можеме да чекаме следната генерација да го реши. Немаме оправдување за тоа дека ништо не преземаме, а времето истекува – рече Фор, на длабочина од 120 метри под вода, облечен во маица и шорц.
Улогата на океаните во регулирањето на климата и заканите со кои се соочуваат многумина ги потценија, рече тој за и додаде дека „тие создаваат половина од кислородот кој го дишеме”, и дека научните мисии се клучни за проучување на здравјето на подводните екосистеми.
Малите островски држави се најранливи на подигнувањето на нивото на морето предизвикано од климатските промени, а ерозијата на тлото, умирањето на коралните гребени и зголемената зачестеност на екстремни временски настани, се закануваат да го загрозат нивното постоење.