Со одложување од еден час поради неприсуство на обвинетите Миле Јанакиески и Мунир Пепиќ кои подоцна беа спрoведени од куќен притвор, во Кривичниот суд започна рочиштето за предметот „Титаник“ на СЈО.

Обвинителката Лиле Стефанова денеска продолжи со изнесување на материјалните докази од онаму каде на минатото рочиште застана нејзиниот колега Бурим Рустеми.

Во материјалите меѓу другото беа прикажани службени белешки, партиски известувања, изјави од лица, потврди за одземени предмети, …

Во „Титаник“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.
 
Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.