Да не постоеше Влатко Галевски филмската сцена во Македонија ќе беше осиромашена од смисла. Галевски веќе дваесет години работи како радиоводител на неговата авторска емисија „Слушајте филм“ (денес на „Метрополис радио“). Меѓудругото, тој е и автор на преку 600 филмски рецензии во домашни и странски списанија како „Екран“, „За Македонцките работи“, „Форум“, „Фокус“, „Кинопис“, „Сарајевске свеске“ и многу други.
Животот е грд кога…
– Не знаеш да го разубавиш.
Напорно е да бидеш со луѓе што…
– Мислат дека се поумни од другите.
Македонската филмска публика е…
– Рафинирано конзервативна.
Смртта си ја замислуваш како…
– Курва што кокетира.
Луѓето времето си го губат кога…
– Го враќаат саатот.
Уникатноста е благослов и клетва во случај на...
– Заглавен шлиц.
Човек вреди да се бори за…
– „Денес над Македонија (се) раѓа…“
Македонија е земја на…
– …Патриоти во мелни.
Ако не беа филмови ќе беше…
– Како Космос без Ѕвезди.
Влезот е слободен, а излезот се наплаќа во (животни) ситуации на…
– Опожарено срце.