Фото: Пиксабеј

Сите оние што сакаат да набљудуваат небесни спектакли ќе имаат единствена можност оваа недела да ја набљудуваат кометата Нишимура, која поминува покрај Земјата еднаш на секои 435 години. Зелената комета C/2023 P1 е откриена пред еден месец, а случајно ја забележал јапонскиот аматерски астроном Хидео Нишимура, по кого кометата го добила името.
Завчера кометата беше најблиску до Земјата и прелета покрај неа со брзина од 386.242 километри на час. Најдобро време да се види кометата е непосредно пред зори, помеѓу 4 и 6 часот наутро.
Кометата ќе стане посветла кога ќе се приближи до Сонцето, но ќе се спушти пониско на небото, што ќе го отежне гледањето со голо око, па затоа се препорачува да користите двоглед.
Кометата ќе ја достигне својата најблиска точка до Сонцето (поблиску од Меркур) околу 17 септември пред да го напушти Сончевиот Систем, а астрономите мислат дека, најверојатно, ќе го преживее своето патување околу Сонцето.
Така, оваа недела е вашата последна шанса да ја видите кометата пред да биде затемнета од сончевиот сјај. Ако го преживее своето патување околу Сонцето, би требало да биде видлива на јужната хемисфера до крајот на септември, ниско на хоризонтот во вечерниот самрак.