Во организација на Факултет за туризам и бизнис логистика Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип
Искачи планина за одржлив развој и освој го врвот Момина Чука со 1.851 метар надморска висина
Врвот Момина Чука е интересно место кое се наоѓа на Кожуф планина над изворот на реката Дошница и е висок 1.851 метар. Постои легенда поврзана со името на овој врв, предание кое се прераскажува и вели:
„Си била еднаш една преубава девојка и двајца млади кои биле многу вљубени во неа. Девојката не можејќи да се одлучи за еден од нив се искачила највисоко на врвот и ги повикала и двајцата па им рекла оној што побргу ќе слезe долу во подножјето на врвот до изворите со студена вода и ги наполни стомните со вода па прв се искачи назад на врвот ќе биде негова.
Така двајцата млади со стомните побрзале удолу кон изворот со студена вода, ги наполниле стомните со вода и повторно назад кон врвот каде што ги чекала девојката. Но и двајцата пристигнале во исто време на врвот па девојката повторно не можела да одлучи и им рекла оној кој побргу ќе ја испие стомната со студена вода ќе му биде сопруга.
Момчињата почнале да пијат од студената вода но бидејќи биле изморени од брзото
искачување на врвот а водата која ја пиеле била премногу студена и двајцата добиват срцев удар и починуват горе на врвот. Кога ги видела девојката двајцата починати, од голема мака дека поради неа се мртви решила да скокне од врвот и така тој врв го добил името Момина Чука.”
– Стартот на патеката: Ски Кожуф (рампа)
– Завршна точка: врв Момина Чука 1851 м.н.в
– Времетраење на искачувањето: околу 2ч
– Време за враќање назад: 1ч:15мин.
– Попатно, потребно е минимално едно литро вода по учесник, за храна пожелно е да се има
еден оброк (лесен) во текот на движењето.
– Потребна опрема за планинарската акција (обувки, ранец, планинарски стапчиња, очила за
сонце, заштитен крем за сонце, маици на кратки ракави, панталони).
Програма
Гевгелија – Ски Кожуф – Момина Чука – Ски Кожуф – Гевгелија
7.45 ч. – пристигнување во Гевгелија
8 – 9.30 Гевгелија – Ски Кожуф рампа (со превоз)
9.30-11.30 Ски Кожуф – Момина Чука (1851 m надморска висина, искачување)
11.30 – 12 – Разглед
Претставување на националното наследство на Кожуф планина: ски центар, извори, географски и
биодиверзитет, туристички атракции, природни и културни локалитети (водич)
12 -13.30 – враќање назад (пешачење) до Ски Кожуф (рампа)
13.30 – 15 – враќање од Ски Кожуф (рампа) кон Гевгелија (со превоз)
15.30 – 17 – Ручек: Вкусот на локалната кујна
Ручек и неформална дискусија: промоција на традиционалната локална кујна како начин на
спојување на системите на производство на храна, природата, местото и културата.
17 Крај на програмата и заминување