Вселенското летало „старлајнер“ на „Боинг“ го изврши своето инаугуративно лансирање со екипаж од двајца астронаути на НАСА, Бери Буч Вилмор и Суни Вилијамс, до Меѓународната вселенска станица.
Астронаутите Вилмор и Вилијамс, двајца од астронаутите ветерани на НАСА што завршија четири претходни вселенски летови, 11 вселенски прошетки и поминаа 500 дена во орбитата, полетаа со вселенското летало „старлајнер“ на „УЛА Атлас 5“ во понеделникот, на 6 мај.
– Завршувањето на тестот за летање на екипажот на „старлајнер“ ќе ги прошири способностите (на НАСА) до и од вселенската станица, а тоа е од витално значење – рече Вилмор.
НАСА додели два договора во 2014 година, еден на „Спејсикс“ во вредност од 2,6 милијарди долари, а другиот на „Боинг“ за 4,2 милијарди долари, за развој на независни вселенски летала способни да носат астронаути до и од Меѓународната вселенска станица.
„Боинг“ го лансира својот „старлајнер“ на два непилотирани пробни лета во декември 2019 и во мај 2022 година, но леталото имаше големи проблеми со софтверот и падобранот.
Вилмор и Вилијамс, двајцата поранешни тест-пилоти на морнарицата, се вкотвија на Меѓународната вселенска станица на 8 мај, а денеска се очекуваше да се вратат на Земјата, но, според најновите информации, датумот е поместен за 21 мај, со цел да се направат дополнителни тестирања.
Ако мисијата оди добро, НАСА планира да започне со оперативни летови со ротација на екипажот на „старлајнер“ во 2025 година, со наизменично лансирање на екипажот со „Спејсикс“.