Видеото од носачите на ковчези од Гана, кое во 2015 година масовно се прошири на социјалните мрежи и е познато како „Кофин денс“, беше продадено за 327 етери, што значи за околу 990.934 долари.
Креаторот на НФТ, Бенџамин Аидо, ја објави веста за неверојатната продажба на Твитер и им се заблагодари на сите што доставија понуди. Продажбата на НФТ не е за личен профит, туку средствата ќе бидат искористени за испраќање финансиска помош за Украинците.
Оригиналното видео е создадено од носачи на ковчези од Гана и многу брзо се прошири по социјалните мрежи. Стана неверојатно популарно и беше придружено со електронска денс-музика наречена „Астономија“, која ја компонираше рускиот композитор Тони Иги.
Секое дигитално дело НФТ е уникатно и не може да се реплицира или копира, така што некои може да бидат исклучително скапи, додека криптовалутата етер е спротивно од тоа и има иста вредност.
Секој што купува НФТ купува и ексклузивни права за метаподатоци, кои се и официјален сертификат за сопственост. Сепак, ова не значи автоматски купување на „визуелни“ или „аудио“ функции. Поточно, купувачот на НФТ не ги поседува ексклузивните права на вистинското видео. Овие права сè уште им припаѓаат на оригиналните креатори. На пример, Леонардо да Винчи секогаш ќе биде креатор и „сопственик“ на уметничкото дело „Мона Лиза“, без оглед на тоа кој е сопственик на сликата денес или во иднина.