Фото: Пиксабеј

Исхраната е еден од најважните аспекти за одржување добро здравје и телесната тежина. За на лето, за да се избегне дебелеење, стручњаците препорачуваат повеќе намирници во коишто може да се ужива „без никакво каење“, при редовно вежбање.

Лубеницата може да се консумира секогаш и во речииси неограничени количини. Богата е со вода и го помага варењето, како и согорувањето на калориите. Покрај тоа, таа го подобрува и квалитетот на кожата. По правило, се препорачуваат една до две порции овошје дневно. Тоа може да се јаде свежо, но и во облик на „смути“.

Салатите од зеленчук го држат нивото на шеќер во крвта под контрола и ја задржуваат ситоста. Зелката, спанаќот, брокулата и карфиолот се добро познати сојузници против вишокот килограми. Тие се богати со хранливи материи, а се многу здрави.

Семките од тиква и сончоглед се полни со хранливи материи. Може да се јадат со појадокот или вечерата, а се одличен додаток и во разни салати, овес или смути. Тие се нискокалорични и добар извор на здрави масти и микронутриенти, па може да се земаат секој ден. А, и ја задржуваат ситоста, исто така.

Пуканките исто така, не дебелеат, освен ако не се додава премногу путер и многу сол на нив. Немаат многу калории, но имаат висок процент на влакна, го потиснуваат апетитот, па и тие така го зајакнуваат чувството на ситост повеќе од други популарни грицки.

Житарките сите се прилично здрави, но тука би го истакнале амарантот, што е без глутен, нискокалоричен е, одличен извор на железо и калциум и може да се консумира секојдневно.