Џорџ Клуни и Џулија Робертс ќе глумат заедно во филмот „Билет за рајот“, романтична комедија во режија на Ол Паркер.
Клуни и Робертс ќе играат разведена двојка. Тие патуваат на Бали за да ја спречат нивната ќерка да ја повтори грешката што тие ја направиле пред 25 години.
Двојката глумеше заедно во хитовите „Единаесеттемина на Оушн“ и „Дванаесеттемина на Оушн“, во режисерското деби на Клуни „Исповеди на опасен ум“ и во трилерот „Игра на пари“ (Money Monster), кој го режираше Џоди Фостер.
Романтичната комедија што повторно ќе ги обедини Џорџ Клуни и Џулија Робертс ќе биде во режија на Ол Паркер за „Јуниверсал пикчрс“ и „Воркинг тајтл“. Паркер веќе ја режираше „Мама миа! Одиме повторно“ за „Јуниверсал“.
Овој високобуџетен проект е важен за секој што се прашува до кога филмските студија ќе ги препуштаат најскапите филмски проекти со најголемите филмски ѕвезди на стриминг-сервисите поради несигурноста на кинематографијата.
Стриминг-сервисите покажаа огромен интерес веднаш штом продукциската куќа „Воркинг тајтл“ го најави овој проект, но раководството на „Јуниверсал“ беше многу јасно.