Првите набудувања од телескопот Инуи ја доведоа претходно магливата слика за Сонцето во остар фокус, пишува „Гардијан“. Сончевата површина е откриена со досега невидени детали во првите набљудувања со сончевиот телескоп Инуи на Хаваи.

– Ова се слики од сончевата површина снимени со најголема резолуција досега – рече Томас Римел, директор на проектот за соларниот телескоп Инуи.

Телескопската резолуцијата од 30 километри е повеќе од двојно поголема во однос на онаа од следната најдобра соларна опсерваторија.

Сликите откриваат дека површината на Сонцето е испрскана со грануларни структури, како грутки од злато, секоја со големина на Франција.

Овие многубројни детали ќе помогнат во подобрувањето на разбирањето на однесувањето на сонцето и ќе овозможат попрецизно да се предвиди неговиот циклус на активност.

Телескопот на Американската национална опсерваторија за соларна енергија, кој чини 344 милиони долари, има четириметарско огледало – најголемото за еден сончев телескоп – и се наоѓа на врвот на вулканот Халеакали на островот Мауи.