Во подготовка е анимирана адаптација на книгата „Големиот Гетсби“ на Френсис Скот Фицџералд, која ќе биде во режија на Вилијам Џојс.
Сценариото за овој анимиран филм е напишано од Брајан Селзник, а продукцијата е на британската компанија ДНЕГ за долгометражни анимирани филмови.
Ова е првпат роман објавен во 1925 година да се адаптира во анимиран филм.
Продуцентите на филмот истакнаа дека веруваат дека ова е совршен момент за почнување на овој проект, бидејќи гледачите и младите режисери во светот штотуку ги откриваат целата привлечност и можности што ги нуди анимацијата.
За потсетување, книгата беше адаптирана во 2013 година, во истоимениот филм, во кој главните улоги ги толкуваа Леонардо ди Каприо и Кери Малиган.