Оние што го посетуваат замокот на Дракула можат да се вакцинираат против коронавирусот откако на ова место во Трансилванија беше формиран центар за вакцинација.
Медицинските лица со обележени костими нудат вакцинација со вакцината на „Фајзер“ за секој што ќе го посети замокот „Бран“ од 14 век, лоциран во централна Романија. Акцијата е дел од планот на Владата да ги мотивира Романците да се вакцинираат против коронавирусот. Некои веруваат дека замокот бил инспирација за легендарниот роман на Брам Стокер наречен „Дракула“.
Во Романија од почетокот на пандемијата се заразени нешто повеќе од милион луѓе, а евидентирани се речиси 29.000 смртни случаи.
Целта на Владата е да се вакцинираат десет милиони луѓе до септември, но речиси половина од Романците не сакаат да ја примат вакцината. Сепак, постои надеж дека замокот „Бран“ и неговата уникатна иницијатива ќе го зголемат бројот на вакцинирани. Секој викенд во мај, оние што ќе закажат вакцинација, ќе можат бесплатно да ја видат изложбата на 52 направи за тортура.
Властите, исто така, се надеваат дека бројот на посети на замокот, кој е намален поради пандемијата, ќе се зголеми.