Со тело на папагал и глава на мршојадец, папагалот Дракула изгледа исто толку вознемирувачки колку што е и прекрасен. Неговиот долг клун и големата глава го прават да изгледа како мршојадец. Поради таа причина, понекогаш се нарекува и папагал-мршојадец.
Но не дозволувајте да ве измами името. Овој папагал што личи на Дракула не јаде месо. Тој се храни само со неколку вида смокви, а тоа објаснува зошто не мигрира и обично се држи до една област. Оваа птица, која се наоѓа само во шумите на подножјето на Нова Гвинеја, е исклучително ретка. Таа е голема тешка птица, достигнува речиси до половина метар од клунот до опашката и тежи речиси еден килограм.
Одговорот на тоа зошто се нарекува папагал Дракула може да ве изненади. Со неговите богати црни пердуви и црвениот стомак има необична сличност со наметката на грофот Дракула. Таквите впечатливи пердуви го направија цел на локалните ловокрадци, па поради тоа го има во сѐ помал број.
Неговиот извик, според експертите за птици, е опишан како морничав, речиси како ‘ржење, но и страшен пискот додека лета. За жал, папагалот Дракула е класифициран како ранлив вид или вид под закана на црвената листа на Меѓународниот сојуз за заштита на природата.