„Нека се вратат времиња златни“ е насловот на новата песна на познатиот македонски музичар и пејач Благој Блаж Маротов, за која е снимен и интересен видеозапис.
– Песната, иако според насловот звучи носталгично, е ведра, весела и ритмична, токму како овој период од годината. Спотот е снимен на неколку познати скопски локации, кои го обележуваа животот низ годините и каде што неколку генерации скопјани поминале убави незаборавни мигови. Верувам така е и во другите градови во нашето опкружување и пошироко. Токму затоа овој пат пеам за старите добри златни времиња – вели Маротов.
Музиката и аранжманот се негови, а текстот го напиша Цане Трајчевски. Песната е снимена во студиото „Маротов“, а продукцијата ја потпишуваат „Бранови“.