Нега и убавина

Брзото мрсење на косата е проблем поради кој жените употребуваат разни препарати за нега на косата, но често без успех. Фризерите објаснуваат кои се можните причини за тоа, а да не станува збор за погрешен шампон и регенератор или премногу често миење на косата, како што мислат многумина.
Една од можните причини е валкана четка за коса. Таа може да биде легло на разни бактерии, особено доколку редовно користите производи за обликување на косата. Собраната прашина и остатокот од козметички производи може лесно да се пренесат на вашата коса.
Исто така ако спиете со врзана коса, тоа може да биде причина за честото мрсење, бидејќи ако косата е собрана, природните масла се концентрираат на темето, а не на целиот прамен. Исто така влажниот воздух може да биде причина за почесто мрсење, како и употребата на серуми за сјајност, кои треба да се ставаат од средината кон врвовите на влакното, а не на темето.
И постојаното допирање на косата е еден од причинителите на оваа појава, недостигот од витаминот Б, како и хормоналните промени.