Музејот за секс е отворен во 2002 година со намера да се зачуваат историјата, еволуцијата и културната важност на човечката сексуалност

Постојат најразлични музејски збирки во светот што ќе ги разбудат вашата фантазија, љубопитност, можеби дури и ќе предизвикаат одвратност, ќе ве натераат да размислите и да ви ја покажат неограничената креативност на човечкиот ум.

1. „Пластинариум“, Губен, Германија
По 39 години студирање медицина, дезинсекција и хемија, Гунтер фон Хагенс ја усовршил пластинацијата, посебен процес во кој се користат полимери за зачувување на човечкото ткиво. Посетителите на „Пластинариумот“ ќе добијат лекција по анатомија, ќе бидат сведоци на графичкиот процес на пластинација и ќе можат да гледаат луѓе и животни во изложбениот простор во креативни пози.

2. Музеј на мумијата, Гуанахуато, Мексико
Во малиот рударски град Гуанахуато, илјадници тела беа погребани во криптите на Санта Паула во текот на средината на 19 век. Меѓутоа, бидејќи била воведена такса што семејствата не можеле да ја платат, телата биле ископани. Климата во овој регион природно мумифицирала многу тела. Мумиите биле чувани во посебна зграда, која подоцна се претворила во Музејот на мумијата.

3. Музеј на тортурата, Амстердам, Холандија
Музејот на тортурата ги враќа посетителите во европската ера на темната историја, кога тортурата и егзекуцијата биле вообичаени. Музејот содржи повеќе од 400 инструменти што биле користени при испрашување осомничени криминалци, експерти и политички затвореници.

4. „Момофуку Андо инстант рамен“, Осака, Јапонија
Момофуку Андо ги измислил првите инстант тестенини во светот во 1958 година: „чикен рамен“, а овој музеј го документира токму тоа поглавје од јапонската култура, каде што посетителите можат да видат пакети тестенини од целиот свет, да пробаат.

5. Подземен музеј, Канкун,Мексико
Конструиран во 2009 година во азурните води околу Канкун, овој музеј содржи повеќе од 500 скулптури во природна големина, фиксирани на морското дно. Интеракцијата на скулптурите со подводното опкружување на почетокот може да изгледа застрашувачка, но секако е незаборавно искуство.

6. Музеј за секс, Њујорк, САД
Музејот за секс е отворен во 2002 година со намера да се зачуваат историјата, еволуцијата и културната важност на човечката сексуалност. Покрај актуелната колекција, која постојано се менува, ќе можете да видите и постојана колекција од 15.000 артефакти, фотографии, носии и историски сувенири.

7. „Фалус“, Рејкјавик, Исланд
Посветен на проучувањето на фалологијата, овој музеј изложува повеќе од 215 пениси од копнени и морски животни, како и од луѓе.

8. Меѓународен музеј за шпиони, Вашингтон, САД
Во Меѓународниот музеј за шпиони ќе можете да ја видите најголемата јавна колекција на шпионски артефакти, кои осветлуваат една од најмистериозните професии во светот.

9. Меѓународен музеј за тоалети, Сулаб, Њу Делхи, Индија
Овој музеј ја открива историјата на хигиената и канализацијата од 2500 година пр. н.е. до денес. Музејот ја прикажува еволуцијата на тоалетите низ историјата.

10. Музејот „Вент Хевен“, Форт Мичел, Кентаки, САД
Во 1910 година, Вилијам Шекспир Бергер ја купи својата прва кукла, Томи Балони. До 1947 година, неговата колекција се зголеми толку многу што тој мораше да ја реновира својата гаража за да ги смести сите кукли, а во 1962 година тој изгради друга зграда. Музејот „Вент Хевен“ изложува повеќе од 800 кукли.