Научници во САД конструирале минијатурна камера, за која тврдат дека е со големина на зрно сол. Таа може да произведе јасни слики во колор, кои се исто толку квалитетни како и оние снимени со леќите на фотоапаратите, кои се 500.000 поголеми.
Иако научниците и порано создавале мини-камери, сликите што ги снимале биле матни, а нивниот квалитет не бил добар.
Традиционално, камерите се потпираат на одреден број закривени стаклени или пластични леќи, за да бидат сликите појасни, а тоа го ограничува условот колку мали можат да бидат камерите. Меѓутоа, оваа користи поинаква технологија, што овозможува да бидат микроскопски, а фотографиите јасни.
Тајната на новата камера е во тоа што нејзината површина содржи 1,6 милион
столба во облик на цилиндри и секој користи вештачка интелигенција и светлина за да го претвори она што го детектира во слика.
Тимовите од универзитетите во Принстон и во Вашингтон, кои го создадоа уредот, сега работат на додавање повеќе функции на камерата, што дава можности за детектирање објекти. Научниците се возбудени поради успехот и сметаат дека таа би можела да направи голема разлика во идната технологија.
Камерата би можела да биде користена како алатка од лекарите во снимките на човечкото тело, а тоа може да помогне во дијагностицирање многу болести.