Не потпирајте се на лактот!

Поради предолго и неправилно седење на компјутер, страда целиот зглобно-мускулен систем. Сепак, експертите велат дека од ваквото седење не страда најмногу грбот или вратот, туку лактот е особено загрозен. Специјалистите по физичка медицина велат дека сѐ повеќе луѓе се жалат на болка во раката што се јавува поради оштетување на вратниот дел на ’рбетот.
Најважниот совет, според нив, е „не потпирајте се на лактот“, затоа што најголемо оптоварување се прави токму таму.
– Често страда и лактот што се потпира на маса при пишување на тастатурата, бидејќи се прави притисок врз деловите на каналите каде што поминуваат нервите. Затоа е важно да се обидеме да не правиме притисок ниту на лактот, ниту на зглобот. Да се избере дрвена или пластична површина за работа, наместо тврда и ладна површини – е советот на експертите.
Кога седите, нозете треба да бидат потпрени на подот, а потколениците малку да бидат испружени, додека грбот треба да се потпира на целата површина на задниот дел од столот, а перницата треба да се стави на дното.