Лиам Нисон и Лоренс Фишбурн глумат во нова акциска авантура, во режија на Џонатан Хенсли, чиј трејлер беше објавен деновиве. „Ледениот пат“ се фокусира на ризична операција на спасување рудари во урнат рудник за дијаманти во северна Канада.
Ѕвездата ветеран Нисон (68) го толкува ликот на камионџија што вози по заледен пат, под голем притисок по уривањето на рудникот, каде што група рудари се во животна опасност.
Во тизерот, Мајк (Лиам Нисон) вози низ опасна маршрута на снежни бури и тенок мраз, кога сфаќа дека има сили насочени против него.
Филмот беше завршен на почетокот на 2020 година, а „Нетфликс“ пред два месеца ги откупи правата за 18 милиони долари.
Стриминг-платформата премиерно ќе го емитува на 25 јуни.