Сите европски централи на јаглен мора да се затворат пред 2030 година за да се исполнат целите на Парискиот договор.
За само пет години од историскиот климатски договор во Париз, половина од 324 централи на јаглен во Европа или се веќе затворени или ветиле дека ќе бидат затворени до 2030 година. Сите европски централи на јаглен мора да се затворат пред 2030 година за да се исполнат целите на Парискиот договор.
Употребата на јаглен во Европа нагло опаѓа од 2012 година. Тринаесет европски земји веќе не користат јаглен, а уште единаесет имаат донесено одлука за укинување на јагленот до 2030 година. Дури и во земји каде што јагленот е главен извор на енергија, како што е Грција – каде што делот во енергетскиот микс падна од околу 50 отсто на 20 отсто во последниве години.
Пет години се работи на забрзана транзиција од јаглен кон чисти извори на енергија до 2023 година, имено пет години порано од очекуваното. Унгарија е друга источноевропска земја што одлучи да го забрза укинувањето на јагленот до 2025 година, наместо до 2030 година.
Императив е земјите од Западен Балкан да усвојат одржлив пристап кон енергетската иднина што е можно поскоро и да обезбедат безбедна транзиција кон обновливи и чисти извори на енергија.
Досега, Македонија е единствената земја на Западен Балкан што планира да го исфрли јагленот до 2030 година. Во последните 18 месеци, Македонија (реконструкција на „Осломеј“), Црна Гора („Пљевља 2“) и Косово („Косово е ре“) се откажаа на нови проекти за јаглен, што е важен поттик кон одржлива енергетска транзиција.

– Во ноември минатата година, водачите на Западен Балкан ја потпишаа Декларацијата за зелена агенда за Западен Балкан, со која се обврзуваа на декарбонизација до 2050 година, во согласност со претстојниот закон за клима во ЕУ. Затоа, сите планови за изградба на нова моќност на јаглен на постројките треба да бидат запрени и да се надоврзуваат на политичката рамка што ни гарантира одржлив пат на енергетска транзиција кон праведна социјална трансформација, здрава и чиста иднина. Ова е исто така во согласност со амбициите за влез во ЕУ – рече Виктор Беришај од Европската мрежа за климатска акција (МО CЕ Европа).
Се ближи крајот на животот на европската индустрија за јаглен.
– По повеќегодишно постојано опаѓање, половина од термоцентралите во Европа заминуваат во историјата. Владите, енергетските компании и финансиските институции сега мора да планираат отфрлање на јагленот до 2030 година или порано и наместо тоа, да ја насочат нивната поддршка кон одржливи и обновливи извори и фер транзиција на ранливите заедници. Во следните пет години ќе се збогуваме со преостанатите капацитети – рече Катрин Гутман, директор на кампањата „Европа без јаглен“.