Можеби станува збор за мала, скриена просторија, но изгледот и чистотата на бањата оставаат впечаток за целиот дом. При уредување на бањата, потребно е особено внимание да се посвети на дизајнот при реновирање на подните и на ѕидните површини, како и при избор на санитарна опрема и мебел за бања.

Избор на плочки – бидејќи бањата е просторија каде што постојано има влага и кондензација, многу е важно при изборот на керамички подни плочки тие да имаат многу низок коефициент на лизгање. Тоа се плочки со мат-финиш. Нежните плочки со висок сјај се препорачуваат за sидовите на бањата, иако може да се користат и мат-плочки. Бои во бањата – изберете ја бојата на плочките според големината на бањата. Тесните бањи ќе изгледаат визуелно поголеми со плочки во светли нијанси. Бањата ќе изгледа пошироко, дури и ако во средината на ѕидот поставите низа плочки што се различни од другите. Екстремно темните плочки не се погодни за бањи, бидејќи на нив повеќе се забележуваат дамките од бигор.

Избор на мебел – бањата мора да биде доволно голема за да има мијалник, тоалет, када и мебел за бања за да ги сместите производите за лична хигиена и пешкирите. За малите бањи, туш-кабината е далеку подобро решение отколку кадата.