Во издание на реномираната издавачка куќа од Приштина „Армагедон“, деновиве излезе од печат албанскиот превод на романот „Осмото светско чудо“ од македонскиот писател Јордан Плевнеш. Автор на преводот е професорот Агим Полоска, од Катедрата за албански јазик и литература на Филолошкиот факултет од Скопје.
Во текот на април, се очекуваат промоции на изданието во Приштина, Скопје и Тирана, каде што за романот ќе зборуваат истакните дејци од албанскиот културен простор, како што се Хачиф Мулиќи, Агим Винца, Башким Шеху и др.
Со ова издание на албански јазик, романот „Осмото светско чудо“ е преведен на светски 17 јазици.